Skip to main content

Следете во живо: Бајракторот на чело, побратимите, свекорот и свекрвата тргнаа по невестата во Галичник

Денеска е денот на венчавањето на младоженците на Галичката свадба и ќе бидат изведени традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“, „гледање низ прстен“, „тргнување по невеста“, дарувањето и останатите свадбарски ритуали.

Церемонијата може да ја следите на овој линк.

Венчавањето на младенците ќе се изврши во црквата „Св. Петар и Павле“, по што свеченоста ќе заврши со традиционалното испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Галички младоженци се Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Годинава се навршуваат 35 години од првата современа Галичка свадба одржана во 1991 година, кога биле венчани родителите на Александар. Нивното учество на Галичката свдба е продолжување на едно семејно наследство и силна поврзаност со Галичник и неговите обичаи и традиција.

Поврзани вести