Skip to main content

САД повторно го нападна Иран, погодени 140 цели

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила околу 140 цели во Иран, меѓу кои лансирни рампи за ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени објекти.

– Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни и трговски бродови кои слободно поминуваат низ Ормуска Теснина, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Нападите уследија откако морнарицата на ИРГЦ гаѓаше брод, што пловел под знамето на Кипар, тврдејќи дека се обидел да помине низ неовластена рута. По инцидентот Иран ја затвори Ормуска Теснина.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на социјалните мрежи објави: „Иран донесен лоша одлука. Сега ја плажа цената“.

На објавата на Хегсет одговори претседателот на иранскиот парламент и еден од главните преговарачи Мохамад Багер Галибаф.

Ерата на еднострани договори е ЗАВРШЕНА. Ви кажавме: одржете го зборот или платете ја цената. Реалноста тропа на врата, објави Галибаф на платформата Икс.

Според иранските медиуми неколку експлозии се слушнале во иранските градови Бушер и Асалује.

Асалује е стратешки важен град и пристаниште во покраината Бушер. Во Асалује е лоцирана гасната индустрија на Иран, додека во пристанишниот град Бушер се наоѓа истоимената нуклеарна централа.

Иранската армија, по американските напади врз јужен Иран, гаѓа цели во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Катар и Кувајт.

ИРГЦ тврди дека погодил американски носач на авиони во Оман и американска воздухопловна база во Катар.

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека во иранските напади повредени се три лица, меѓу кои и едно дете.

Поврзани вести