
Бела покривка го разбуди Нижеполе денеска, на 1 април. Иако пролет, снегот наврна во Битолско.
Како што соопшти УХМР, Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Берово 12 литри на метар квадратен, во Виница 11, во Битола, Струмица и Кавдараци девет, Скопје седум литри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.