
Чувањето куче во семејството е голема обврска, не само во однос на начинот на живот, туку и финансиски. Чувањето домашно милениче вклучува издвојување многу време, но и трошоци. Како што пишува британскиот портал „Експрес“ (Express), она што многу нови сопственици не секогаш го сфаќаат е дека некои раси на кучиња се значително поскапи од други, особено кога станува збор за посети на ветеринар. Испитување на ирската мултинационална истражувачка компанија „Експеријан“ (Experian) од 2023 година покажува дека трошоците за поседување куче во Велика Британија во текот на целиот живот може да достигнат до 19.000 фунти (околу 21.000 евра).
Од друга страна, Кралското друштво за спречување на суровост кон животните пријави повеќе од 5.700 случаи на напуштање домашни миленици само во првите неколку месеци од 2025., што е зголемување од 32 отсто во споредба со истиот период во 2024 година. Тоа значи, сè поголем број сопственици на кучиња неинформирано избираат раси што се потешки за одржување. Ветеринарот Амир Анвари говори за најдобрите евтини раси кучиња.
Басенџи
Ова е првата раса на неговата – ловечко куче чие природно живеалиште е Централна Африка. Она што го прави уникатно е тоа што не лае – барем не во традиционална смисла. Но е многу гласно… Овие кучиња обично живеат до 13 или 14 години. Имаат многу малку генетски здравствени проблеми во споредба со други раси.
Многу луѓе не знаат за оваа раса кучиња. Всушност, не лае, туку завива, а причината зошто е толку здрава е тоа што е древно, чистокрвно куче со минимално вкрстување, па ако барате куче кое не лае и е доста здраво, Басенџи дефинитивно е за вас, вели ветеринарот.

Австралиски говедар
Анвари го постави австралискиот говедар на второто место.
Куче од оваа раса било најдолговечното куче во светот. Се викал Блуи и угинал во 1939 година, на 29-годишна возраст. Ова е многу интелигентна, многу активна работна раса со многу силен и отпорен имунолошки систем, вели тој.
Чивава
На место бр. 3 е малата чивава. Ветеринарот вели дека оваа раса кучиња може да живеат до 20 години и се многу здрави суштества.

Австралиски овчар
Според стручњакот, овие кучиња не се само убави и полни со енергија, туку имаат и силна генетска основа со многу малку наследни здравствени проблеми.
Ако кучето има одредени генетски абнормалности, тие обично нема да му дозволат да се размножува, што значи дека нема да ги шири тие болести, поради што оваа раса е всушност толку здрава, објаснува тој.
Бигл
На петтото место е британскиот бигл. Анвари наведува дека оваа раса е одгледувана за лов и затоа има исклучително силен и отпорен имунолошки систем. Но, треба да внимавате на две работи.
Според стручњакот, главниот проблем е дебелината – бидејќи биглот сака да јаде сè, и второ – инфекциите на ушите. Инаку, тие се навистина здрави кучиња.