
Поради големата загаденост на воздухот, стариот мебел, килимите и лошата вентилација, честопати имаме чувство дека домот самиот создава и таложи прашина. Токму затоа, ни се чини дека речиси секој викенд го поминуваме во чистење и бришење прашина, која до крајот на денот повторно ја покрива речиси секоја површина во нашиот дом.
Неодамна се појави овој уништувач на прашина, кој можете да го направите сами дома. Резултатот ќе ве воодушеви – 2 недели нема да видите ни трага од прашината!
Состојки:
2 шолји вода
1/2 шолја бел оцет
2 лажици маслиново масло
малку течност за миење садови
неколку капки миризливо масло од лаванда
Начин на подготовка:
Сипете вода во чаша, па додајте масло и оцет.
Префрлете сè во распрскувач.
Додајте течен детергент за миење садови и неколку капки есенцијално масло од лаванда.
Напрскајте од спрејот на крпа со микровлакна, па пребришете ја прашината. Наредните 2 недели ќе бидете мирни, односно нема да видите прашина во вашиот дом.
 
                    
 
                         Македонски
Македонски








