
Новогодишната елка е главниот симбол на празниците, но многу семејства се жалат дека по неколку дена почнува да се суши, бледнее или изгледа „преполнето“. Експертите за празнично уредување го издвојуваат еден најважен совет што често го забораваме – правилната подготовка пред декорирањето.
Имено, кога ќе ја донесете елката (вистинска или вештачка), потребно е најпрво да ѝ дадете време „да се отвори“. Оставете ја најмалку 12 часа во топла просторија за гранките природно да се рашират. Кај вистинските елки, задолжително освежете го исечениот дел од дрвото со нов засек од 1-2 сантиметри – така подобро впива вода и останува свежа подолго.

Кај вештачките елки, најважно е гранките целосно да се „исчешлаат“. Многу луѓе ги оставаат стуткани, па елката изгледа поретка и поевтина отколку што е. Кога секоја гранка ќе ја оформите во три насоки (горе, лево, десно), елката веднаш добива волумен како во каталози.
Дополнителен професионален трик: светилките секогаш ставајте ги однатре кон надвор, почнувајќи од трупот. На овој начин светлината делува подлабока и порамномерна, а украси може да ставите помалку – а сепак да изгледа предобро.
Со малку трпение и правилен редослед, новогодишната елка ќе биде најубавиот дел од домот – и ќе трае до Божиќ без да ја изгуби магијата.

Македонски








