Skip to main content

Наближува 9. издание на симболот на винската култура во Македонија, Скопскиот вински салон – Винодонија

Скопскиот вински салон – „Винодонија“ годинава ќе го им своето деветто издание.

Ова хедонистичко случување, кое низ годините прерасна во најзначајниот вински настан во Македонија ќе се одржи на 20 и 21 декември во хотелот Мериот во центарот на Скопје.

Со големо задоволство и сè уште ненамален ентузијазам го најавуваме деветтото издание на нашиот заеднички Скопски вински салон – Винодонија 2025! 🍷

20 – 21 декември (сабота и недела), Хотел Мериот, Скопје, од 16:00 до 22:00 часот.

Бидете и вие дел од #Винодонија — симболот на винската култура и најзначајниот вински настан во Македонија.

Дојдете и споделете ја вашата винска страст“, порачуваат организаторите.