Skip to main content

Јапонска пиварница го служи своето пиво во чаши кои неколкукратно го успоруваат пиењето

Вообичаено, проиводителите на пиво користат секакви маркетинг стратегии за да ги мотивираат клиентите да консумираат што е можно повеќе од нивните проиводи, но една јапонска пиварница презема спротивна кампања.

Јапонската компанија „Yona Yona Ale“ креираше и промовира чаша за пиво која го забавува пиењето. За такво нешто придонесува специфичниот изглед на чашата, налик на песочен часовник, кај која стеснувањето на грлото го сречува пивото од долниот дел брзо да помине, а со тоа и побрзо да биде испиено од клиентот.

Тестовите покажале дека пивото од оваа нова чаша се консумира три пати побавно отколку од обичните.

Идејата на ваквата иработка на чашата е дека ова помага темелно да се почувствуваат сите нијанси на вкус и вистински да се ужива во пијалокот.

Поврзани вести