Skip to main content

Италијанската лизгачка на мраз го освојува интернетот со импресивни снимки од лизгање на замрзнати езера

Италијанската лизгачка на мраз Иларија Дентела привлекува внимание со лизгање на замрзнати езера, што резултира со импресивни снимки кои бележат милиони прегледи на мрежите.
Дентела е во исто време италијанска инфлуенсерка и креаторка на дигитална содржина која стекна голема популарност токму благодарение на импресивните видеа од лизгање на атрактивни, честопати екстремни локации.
Таа е родена во 2003 година во Милано. Лизга уште од мала, а со текот на годините ја комбинирала вештината со модерни видео формати и естетика прилагодена на социјалните мрежи.

Токму оваа комбинација од спорт, природа и визуелно впечатливи снимки ги направи нејзините објави вирални.
Покрај лизгањето, Иларија споделува и содржини поврзани со патувања и секојдневниот живот на својот Инстаграм профил.
Неодамна, во интервју за италијанското Радио 24, таа зборувала за лизгањето и снимањето за мрежите и рекла: „Моите видеа прикажуваат необична, речиси магична сцена, која често обезбедува момент на смиреност и слобода. Се обидувам уште повеќе да го вронам гледачот нагласувајќи го звукот на лизгалките што се лизгаат по мразот.“

Таа се присетила и како почнала да снима: „Еден ден, без да размислувам за социјалните мрежи, решив да се снимам себеси додека лизгам. Видеата беа оригинални, беа ценети и јас продолжив“.

Поврзани вести