Skip to main content

Денеска се пие вино и се слави љубовта

Православните верници денеска го слават Свети Трифун – заштитникот на лозарите, а католиците Свети Валентин – Денот на вљубените.

Традиционално, на овој ден се врши обредно закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Денес, лозjaта се закројуваат со желба и надеж за уште една поплодна година со традиционалниот благослов: „Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш“. Во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното.

Според верувањата, Свети Трифун е чувар на растенијата и ги штити од разни штетници. Лозаропроизводителите на овој ден се молат да ги заштити нивите и лозја од скакулци, гасеници и други инсекти.

Повеќето народи, почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците, тоа го сторил Дионис, а според Римјаните, тоа бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви, погача, вино и жито.

Поврзани вести