Skip to main content

Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево, објави Николоски

Facebook/Aleksandar Nikoloski

🏗 Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево, објави на Фејсбук, Потпретседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски.
Со одлична динамика се одвиваат градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, со едно техничко решение со кое се стабилизира нестабилното земјиште.
⛰ Специфичните услови на теренот, комбинацијата на црна графитна земја со огромно количество вода, досега претставувале сериозен предизвик за изградбата, но со ангажирање домашни и странски експерти е пронајдено решение.
Стабилизацијата ќе оди со една специјална техника, со пет машини од кои што секоја тежи по 130 тона, секоја од овие машини влегува во земјата во должина од 20 до 28 метри, се спуштаат арматурни кафези, секој арматурен кафез тежи по 30 тона железо и истите после тоа се поливаат со бетон.
Вкупно 250 вакви решенија ќе се направат на автопатот Охрид – Кичево од кои163 се кај Ботун, останатите се на останатиот дел од автопатот, вклучувајќи и кај Кнежино, кај Кичево, и на овој начин се решава најтешкиот дел од автопатот.
👷 Ова е убедливо инженерски најтешкиот дел и ова е делот кој што претставува новина не само Македонија, туку и во целиот регион, напиша Николоски.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetmultiwinstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositbetsmoon