Skip to main content

Треба ли повисоки казни за ова? Пронајдена и казнета жената со „порше“ што си го истури ѓубрето во Лепенец, ама казната е смешна

Полицијата ја откри и ја санкционира жената која беше снимена како фрла отпад во реката Лепенец во Скопје.

Денеска (17.09.2026) во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикана М.И.Б.(38) од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката. По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор, соопшти МВР.

По документирање на случајот, на М:И.Б. и е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента.

Сепак, едниот платен налог е 50 евра, а за паркирањето 45, износи кои доколку се платат во рок од 8 дена се преполовуваат. Затоа и се разви јавна дебата дали треба да се зголемат казните за загадување.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositbetsmoon