Skip to main content

Москва и Киев извршија нова размена на тела на војници

Украина и Русија повторно разменија тела на војници, соопштија денеска властите во свете земји, пренесе ДПА.

Украинскиот Координативен штаб за третман на воени заробеници соопшти дека Киев примил 252 тела „на украински граѓани, вклучувајќи и воен персонал“.

На руската страна ѝ биле предадени останки на 23 руски војници, се наведува во извештаите на локалните медиуми.

Размената е извршена со посредство на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Локацијата на предавањето не е откриена, нагласува германската агенција.

Двете страни редовно разменуваат тела на убиени војници. Од почетокот на 2025 година, Украина примила повеќе од 21.000 тела, додека Русија примила повеќе од 700.

Големото несовпаѓање делумно се должи на постојаниот напредок на руските сили, бидејќи украинските војници не се секогаш во можност да ги вратат своите мртви при повлекување. Меѓутоа, бројот на тела предадени од Москва на Киев неодамна се намали, пренесува ДПА.

Од почетокот на војната, 24 февруари 2022 година бројот на воени жртви е класифициран.

Двете страни внимателно ги чуваат своите бројки за воените жртви. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули го процени бројот на убиени украински војници на околу 50.000, иако проценките засновани на објавени известувања за смртни случаи сугерираат дека загинале повеќе од 200.000.

На руска страна, бројот на загинати војници сега се проценува на повеќе од 350.000, , потсетува ДПА.(МИА)

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositbetsmoon