Skip to main content

Археолозите пронашле над илјада фрагменти од уметнички дела под катедралата Нотр Дам во Париз

Откако пожарот речиси ја уништи катедралата Нотр Дам во Париз, археолозите имаа ретка можност да копаат под структурата на зградата за време на петгодишното реновирање и реконструкција и пронајдоа повеќе од 1.000 фрагменти од уметнички дела.

Археолозите имале можност според францускиот закон за превентивна археологија, кој може да се користи „за откривање и преземање научно проучување на археолошки остатоци (на копно и под вода) кои инаку би можеле да бидат уништени со работа за развој на земјиштето, објави Арт њуз. Процесот е започнат во февруари 2022 година.

На тимовите од Националниот институт за превентивни археолошки истражувања, вклучително и еден предводен од Кристоф Бесниер, на кои првично им биле дадени само пет недели да копаат под камениот под на катедралата Нотр Дам, им било дозволено да копаат само 40 сантиметри под подот на иста длабочина како што е основата на скелето.

Се покажа дека посмртните останки се многу побогати од очекуваното – изјави Бесније за National Geographic.

кспертите пронајдоа дури 1.035 фрагменти од уметнички дела, како и стотина гробови. Многу ковчези, заедно со расфрлани коски, остануваат неидентификувани. Оловниот саркофаг кој се чини дека му припаѓа на поетот Јоахен ди Бел е еден од најважните ковчези.

Откопани се и главите и торзото од варовнички статуи во природна големина, вклучително и една Христова. Меѓу позначајните архитектонски наоди е екран од 13 век кој претходно ги одвојувал хорот и светилиштето од очите на јавноста.

Истражувачите, исто така, добија подобро разбирање за тоа како катедралата Нотр Дам првично била изградена од занаетчии во средниот век. Средновековните столари користеле приближно 100-годишни дабови долги околу 45 метри, кои биле обликувани со секири.

Држачите за јаже пронајдени во дрвото биле користени за транспорт преку Сена. Анализата на катедралата Нотр Дам помогнала не само да се документира што има таму, туку и да се автентицираат средновековните артефакти како што се големите прозорци со розети во трансептот на катедралата.

Поврзани вести