
Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на танцот, танцовото студио Dancers United Ви го најавува второто издание на меѓународниот танцов натпревар DIAMOND.
Викендот кој е пред нас, на 5 и 6 април, ќе биде викенд на уметноста, на танцот, уникатноста, талентот и посветеноста.
Скопје повторно ќе блесне со најталентираните танчари и кореографи од Македонија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Унгарија, Албанија и Босна и Херцеговина.
На натпреварот кој ќе трае два дена ќе учествува судиска комисија од 24 национални, меѓународни и искусни судии кои ќе обезбедат правична и точна евалуација на натпреварувачите.
Натпреварот ќе се одржи на 5 и 6 април во Хотел Мериот каде ќе настапат над 1500 танчари од 40 клубови со над 2200 кореографии.
DIAMOND Dance Competition е настан кој се одликува со многу енергија, страст, неверојатни изведби и сето тоа благодарение на кореографиите на класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц…
Натпреварот е поддржан од Министерство за култура и туризам, Светската танцова уметничка федерација, Националниот танцов сојуз, Пивара Скопје и Нелт.