Skip to main content

Која е бојата на вашиот месец на раѓање?

Фрипик

Колорстрологија е еден дел од астрологијата кој е насочен кон значењето на боите и неговата поврзаност со месеците или деновите во кои сме родени.

Која е бојата на вашиот месец на раѓање и кое е значењето зад тоа?

Јануари – карамела

Официјалната боја на првиот месец од годината е карамела. Тоа е нежна, земјена боја која ја отсликува приземјеноста на родените во овој месец. Инспирацијата доаѓа од Јарецот, кој е одговорен, практичен и со стабилна енергија. Таа ни помага да ја изградиме дисциплината, но и Сатурн кој е владетел на Јарците, а е планета на структурата и дисциплината.

Февруари – лаванда

Нежно лилаковата боја е бојата на февруари. Инспирирана е од знакот Водолија кој е знак на заедницата, хуманитарната работа и иновациите. Оваа боја во нашата околина има моќ да ни помогне и да ја намалиме зависноста од одредени работи во нашиот живот, но и претераната поврзаност со некои луѓе. Освен тоа, таа помага и за достигнување повисоко ниво на умствена свесност.

Март – тиркизна

Како и природата на Рибите, оваа боја е поврзана со водата и се однесува на имагинацијата и интуицијата. Освен тоа, таа е добра боја за поттикнување на соништата и имагинацијата. Кога ја имаме во просторот, помага за медитација и смирување на умот.

Април – темно црвена

Бојата на овој пролетен месец е темно црвената. Таа е инспирирана од карактерот на Овните кој носи импуливност и интензивна енергија и страст. Кога ја имаме во нашиот простор или околу себе, темно црвената ја поттикннува храброста, добрата енергија и подготвеноста.

Мај – светло зелена

Ова е боја која совршено одговара на карактерот на Биковите и нивната владејачка планета, Венера. Биковите се сензуални и смирени личности кои тежнеат кон смиреност и се лојални партнери и пријатели. Во нашето опкружување, светло зелената е боја на исцелувањето, финансиите и реализација на идеите.

Јуни – жолта

Инспирирана од Близнаците, жолтата боја се поврзува со комуникацијата. Таа го поттикнува интелектуалното размислување, размената на идеи и помага при подобрување на комуникацијата.

Јули – светло розова

Нежна боја како и самите Ракови, таа ја претставува енергијата на јули. Има огромна моќ да смири и поттикне хармонија во нас и околу нас, а привлекува и љубов, разбирање и романса.

Август – сончево портокалова

Ова е бојата на моќните Лавови. Овој знак е управуван од Сонцето, а притоа сончево портокаловата боја е моќна боја која е одлична за оптимизам, радост, изразување и креативност. Не можеме да бидеме претерано срамежливи кога на себе ја носиме оваа боја, велат експертите во оваа област.

Септември – океанско сина

Оваа боја е официјалната боја на септември, а директно поврзана со Девиците. Таа ја поттикнува интелигенцијата, помага во доброто расудување. Таа носи и мир и мудрост, но и баланс меѓу умот и телото.

Октомври – светло сина

Ова е бојата на Вагите, која е симбол на хармонијата и балансот. Кога ја имаме оваа боја околу себе, едноставно е тешко да бидеме гласни и да викаме или пак да бидеме немирни.

Ноември – розово црвена

Ова е бојата на Шкорпиите, кои се управувани од Плутон и Марс. Таа е длабока црвена, која го носи интензитетот на Шкорпиите и е поврзана со длабочината и страста, но и мистериозноста. Ако ја имате околу себе, помага во зголемување на страста.

Декември – зелено сина

Оваа боја им припаѓа на авантуристите во хороскопот, Стрелците. Таа ни помага да дојдеме до јаснотија и е поврзана со патувањата, но и излегувањето од својата пријатна зона.

Поврзани вести