Skip to main content

Златна ВЦ шолја и куп пари во куќата во која Зеленски има правено забава: Избеганиот Тимур земал 86 милиони евра од мито

Украинскиот бизнисмен Тимур Миндиќ, близок соработник на претседателот Володимир Зеленски, побегнал во странство непосредно пред планираното апсење поврзано со голема антикорупциска истрага, јавуваат украинските истражни органи. Според Националното антикорупциско биро (НАБУ), тој со години земал по 10–15 проценти провизија од државни договори во енергетскиот сектор и на тој начин незаконски заработил околу 86 милиони евра.

Истрагата, означена како „Операција Мида“, го добила името поради тоа што Миндиќ, како митскиот крал Мида, „претворал во злато“ сè што ќе допрел. Според неофицијални информации, тој моментално се наоѓа во Израел, пишува српски Курир..

Миндиќ, родум од Дњипро и стар 46 години, ја напуштил Украина иако мажите во земјата за време на воена состојба имаат забрана за излез. Како и сите други, тој бил должен да биде подготвен да се јави на воен повик.

Италијанскиот „Кориере дела сера“ објави детали од претресот во неговиот дом, каде истражителите пронашле WC-школка и биде изработени од чисто злато. Од истиот материјал биле и држачот за тоалетна хартија, механизмот за пуштање вода и четката за чистење. Во кујната биле најдени и кеси полни со банкноти од 200 евра.

Истражителите утврдиле дека претседателот Зеленски во 2021 година го славел роденденот во куќата на Миндиќ, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Миндиќ долги години бил под заштита на олигархот Игор Коломојски, кој од 2023 година се наоѓа во затвор под обвиненија за перење пари.

Миндиќ бил сопственик на продукциската куќа „Квартал 95“, која до изборната победа на Зеленски во 2019 година го продуцирала неговото комичарско шоу. Наводно, токму тој го запознал Зеленски со Коломојски, кој подоцна ја финансирал дел од предизборната кампања.

Според истрагата, Миндиќ контролирал цел ланец за акумулација, распределба и перење на нелегално стекнати пари во енергетскиот сектор. Неговото влијание, според извори на „Кијив Индепендент“, било толку големо што стоел зад обидите на владата да ги намали овластувањата на НАБУ — токму институцијата која го истражувала.

Наводно, на важни државни позиции биле поставени луѓе блиски до него: поранешниот министер за правда Герман Галушченко и поранешниот премиер Олексиј Чернишов, сменет поради корупција во јуни годинава.

Во јуни бил уапсен неговиот роднина Леонид Миндиќ, кој се обидел да избега со 14 милиони евра извлечени од енергетска компанија во Харков. За разлика од него, бегството на Тимур Миндиќ било успешно. Според украинските медиуми, во тоа му помогнал Андриј Синјук, заменик-директор на специјалното обвинителство за борба против корупција.

Поврзани вести