Skip to main content

Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август

Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска објави дека драстично зголемените американски царини ќе стапат во сила на 1 август, пренесува Бета.

Тие беа објавени на почетокот на април, а потоа привремено суспендирани додека се во тек преговорите со засегнатите земји.

Само оние држави кои ќе постигнат договор со САД во наредните денови ќе бидат ослободени од новите царински давачки.

Како термин за воведување на овие „казнени тарифи за земјите што профитираат од трговијата со САД“ првично беше посочуван 9 јули, но претседателот Доналд Трамп во петокот, без да даде детали, изјави дека земјите на кои ќе се однесува ќе почнат да плаќаат од 1 август.

За некои земји, според најавите од администрацијата на Трамп, овие царини би можеле да достигнат 50% од вредноста на стоките и услугите што ги извезуваат во САД.

Поврзани вести