Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прво сака да се сретне со идниот американски колега Доналд Трамп за да договорат мировен план пред да започнат какви било преговори со рускиот лидер Владимир Путин.
Прво со Трамп. Ќе се договориме со него како да ја завршиме војната, како да го запреме Путин, изјави Зеленски во тричасовно интервју со американскиот поткастер Лекс Фридман. Тој нагласи дека е „многу важно Европа да има глас“ во овие дискусии.
Here's my conversation with Volodymyr Zelenskyy (@ZelenskyyUa).
— Lex Fridman (@lexfridman) January 5, 2025
It was an intense and heartfelt conversation, my goal for which was to do my small part in pushing for peace.
We spoke in a mix of 3 languages: English, Ukrainian, and Russian. It's fully dubbed in each of those 3… pic.twitter.com/2zoxM0FG89
Зеленски смета дека гаранциите за безбедност на Украина ќе бидат ефикасни само доколку ги обезбедат САД, нагласувајќи: „Без САД, гаранции за безбедност не се возможни. Такви гаранции се потребни за да се спречи руска агресија.“
Украинскиот претседател истакна дека предложил замрзнати руски средства во вредност од 300 милијарди долари да бидат искористени за купување американско оружје, пренесува Укринформ.