Италијанските синдикати денеска најавија дека вечерва ќе започне 24-часовен генерален штрајк на транспортните работници кој ќе влијае на превозот со воз и авион, а се очекуваат и протести на вработените во образованието и здравствената заштита.
Синдикатите го свикаа 24-часовниот национален генерален штрајк, кој се совпаѓа со Меѓународниот ден на жената, за да протестираат против насилството и дискриминацијата врз жените и да ги поддржат правата на жените.
Неколку синдикати од приватниот сектор најавија дека ќе го прекинат железничкиот сообраќај вечерва во 19 часот, додека членовите на синдикатот на Националната железница ќе го запрат превозот од 21 часот, пренесува РАИ.
Се очекува вечерва да има и нарушување во сообраќајот на автопатиштата така да им вечерва поради застојот на наплатните рампи.
Утре се очекуваат големи штрајкови на аеродромите, но РАИ наведува дека авиосообраќајот ќе се одвива регуларно во термините од 7 до 10 часот, како и од 18 до 21 часот.
Во исто време можни се и штрајкови на работниците од образованието и здравствената заштита.
Транспортните работници штрајкуваа и на 24 февруари и тоа влијаеше на превозот на автобусите, трамваите и тролејбусите во неколку градови.