Skip to main content

Владејачката партија во Јапонија првпат избра жена за свој лидер и веројатна следна премиерка

高市早苗

Конзервативната владејачка Либерално-демократска партија (ЛДП) во Јапонија денеска ја избра поранешната министерка за внатрешни работи Санае Такаичи за своја прва жена лидер, пренесува ДПА.

Повеќе од 900.000 членови на партијата и 295 пратеници на ЛДП гласаа, избирајќи ја Такаичи во вториот круг на изборите против нејзиниот противкандидат, актуелниот министер за земјоделство, Шинџиро Коизуми.

Се очекува 64-годишната Такаичи да биде избрана од парламентот за следен премиер на Јапонија на 15 октомври.

高市早苗

ЛДП, која владее во коалиција со својот помал партнер Комеито, е во малцинска влада откако го изгуби мнозинството во горниот дом на парламентот во јули. Но, со оглед на тоа што фрагментираниот опозициски табор веројатно нема да се согласи за заеднички кандидат, лидерката на ЛДП сепак веројатно ќе биде избрана за премиер кон средината на октомври.

Досегашниот лидер на ЛДП Шигеру Ишиба поднесе оставка од функцијата премиер по помалку од една година на функцијата, наведувајќи го историскиот пораз на партијата на изборите за горниот дом во јули.

Доколку биде избрана, Такаичи би станала четвртиот премиер на Јапонија за само пет години.

Поврзани вести