
Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф изјави дека денеска делегациите на САД, Украина и Русија се согласиле да разменат 314 затвореници – што е прва таква размена во последните пет месеци.
Овој исход е постигнат по детални и продуктивни мировни преговори. Иако претстои значителна работа, чекори како овој покажуваат дека одржливиот дипломатски ангажман дава опипливи резултати и ги унапредува напорите за завршување на војната во Украина, наведе Виткоф на Икс.
Тој додаде дека разговорите ќе продолжат и дека се очекува натамошен напредок во наредните недели.

Македонски



