
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналдд Трамп, Стив Виткоф во многу брзо време ќе патува во Москва на нови разговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави „Блумберг“.
Според изданието, Виткоф во Москва ќе биде придружуван од зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.
Последниот пат кога Виткоф и Кушнер ја посетија Москва на разговори со рускиот претседател беше на почетокот на декември 2025 година. Темата на состанокот беше Украина, а беше дискутиран потенцијален мировен план.

Македонски





