
Иран уништил многу вреден авион-радар „Е-3 Сентри АВАКС“ (E-3 Sentry AWACS) на американските воздухопловни сили, објави „Волстрит џурнал“. Како што додава изданието, ова е еден од најважните типови на авиони во американските воздухопловни сили.
Воздухопловот е униптен во напад изведен со иранска балистичка ракета и неколку беспилотни летала, извршен врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија.

„Е-3 Сентри“ е авион за извидување со долг дострел, кој помага во контролата на бојното поле и следењето на беспилотни летала, ракети и авиони на растојание од стотици километри.
Ова е многу сериозен проблем. Ова ја поткопува способноста на САД да ги следат настаните во Персискиот Залив“, вели пензионираниот полковник Џон Венабл.
Военото воздухопловство на САД има ограничен број вакви авиони, кои не можат да се заменат, велат воените експерти.

На снимки објавено на социјалните мрежи по нападот, се гледа дека радарската купола на авионот била директно погодена и целосно уништена, зедно со задниот дел од трупот на леталото.

Според информациите по нападот, во иранскиот ракетен удар бил униптен и авион-танкер за воздушно надополнување гориво „КЦ-135 Стратотанкер“ (KC-135 Stratotanker), а оштетени се и неколку други слични авиони.

Во нападот имало повредени меѓу американските војници стационирани во базата.

Македонски



