
Pоранешниот службеник на Одделот за борба против организиран криминал на Министерството за внатрешни работи на Украина, Игор Хрушевски, e пронајден мртов во Шпанија. Тој е пронајден удавен во базенот на станбен комплекс во Виљахојоса во Шпанија, објави украинското Министерство за надворешни работи.
„Ел Еспањол“ забележува дека во близина на истиот станбен комплекс, во 2024 година беше убиен рускиот пилот Максим Кузминов, кој во 2023 година киднапираше руски хеликоптер Ми-8 и го однесе во Украина.
Според извештаите на медиумите, удавениот Хрушевски, пред некое време купил стан во станбениот комплекс „Кала Алта“ (општина Виљахојоса).