
Министерот за одбрана на Украина, и главен преговарач Рустем Умеров изјави дека на втората рунда директни преговори со Русија, Киев го примил рускиот меморандум и оти Украина следната недела ќе одлучи за идните чекори.
Тој потврди дека на денешната средба во Истанбул договорена е размена на тешко повредени, тешко болни и малолетни заробеници, како и враќање на телата на загинатите војници во формат 600 за 600.
Повикуваме на вистинска работа за завршување на војната – прекин на огнот, хуманитарни мерки, средба на лидерите. Ако Русија е сериозна, ќе се согласи. Но, ако не, ќе мора да уследат нови санкции – наведе Умеров.
Тој посочи дека на средбата се разговарала и за евентуална средба помеѓу претседателите на Украина и на Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин на крајот на месецот, на која евентуално би присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп.