Skip to main content

Уапсен поранешен англиски репрезентативец поради обид за силување

Поранешен англиски репрезентативец и фудбалер од Премиер лигата е уапсен под сомнение за обид за силување откако случајот го пријавила неговата поранешна партнерка, објави денеска лондонски „Сан“.

Без да го именува осомничениот, весникот наведе дека фудбалерот бил приведен на аеродромот „Станстед“ во Есекс.

Поранешниот фудбалер, кој настапувал за репрезентацијата на Англија во 2010 година, бил уапсен на пасошка контрола каде полицајците го запреле пред да се качи на летот.

Неговите податоци покажале дека полицијата го бара поради неодамнешно обвинение од неговата поранешна партнерка за обид за силување.

„Мажот е уапсен под сомнение за обид за силување и е ослободен со кауција до крајот на февруари 2026 година, додека истрагата продолжува“, соопшти полицијата во Есекс.

Поврзани вести