Skip to main content

Туск: Полска повторно ќе ги отвори граничните премини со Белорусија

Facebook / Donald Tusk

Премиерот на Полска, Доналд Туск најави дека од утре на полноќ повторно ќе бидат отворени граничните премини со Белорусија.

Полска ја затвори границата со Белорусија поради руско-белоруската воена вежба во Белорусија. Загриженоста на Полска поради воената вежба „Запад 2025“ беше зголемена откако 21 руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор ноќта помеѓу 9 и 10 септември.

Завршувањето на воената вежба ги намалува, иако не можам да кажам дека ги елиминира, различните закани. Земајќи ги предвид економските интереси на полските превозници и железничките компании, заклучивме дека оваа мерка ја исполни својата цел, изјави Туск, додавајќи оти „доколку се зголемат тензиите, нема да се двоумам и ќе донесам соодветни одлуки.

Поврзани вести