Skip to main content
97AWGQ1w7bw

Туристички автобус кој се движел од Нијагарини водопади кон Њујорк излета од патот, загинаа најмалку пет лица меѓу нив и дете, а десетина се повредени

Принтскрин од видео

Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти.

Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани.

Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека автобусот се движел од Нијагарините водопади кон Њујорк.

О’Калаган рече дека возачот на автобусот, кој се движел со „полна брзина“, ја изгубил контролата и удрил во заштитна ограда, предизвикувајќи превртување на возилото. Некои патници биле исфрлени од своите седишта, додека други биле заробени во остатоците од возилото.

Во несреќата не биле вклучени други возила.

Властите го затворија автопатот во двата правци по несреќата.

Поврзани вести