Skip to main content

Трамп: Украина може да заборави на НАТО, Европа треба да ѝ даде безбедносни гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина „може да заборави“ на членството во НАТО. Тој ова го соопшти на првиот состанок на својот владин тим, само неколку дена пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, каде што се очекува потпишување договор за украинските ретки минерали.

Трамп истакна дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во обид да постигне договор за завршување на војната во Украина, која започна со руската инвазија во 2022 година.

Трамп не откри детали за можните компромиси меѓу двете страни, но нагласи дека амбицијата на Украина да се приклучи на западниот воен сојуз не е разумна.

– НАТО? Заборавете на него, рече Трамп. – Мислам дека тоа е веројатно причината зошто започна целиот овој конфликт, оценува претседателот на САД.

Тој додаде дека Европа, а не САД, треба да ѝ даде безбедносни гаранции на Украина како дел од планот за ставање крај на војната.

– Ние нема да даваме безбедносни гаранции, туку ќе бараме Европа да го направи тоа, бидејќи тие се нејзини соседи. Сепак, ќе се погрижиме сè да оди како што треба, изјави Трамп. 

Поврзани вести