Skip to main content

Трамп со предупредување: За Иран „последици од непостигнувањето договор“, а Украина – да ги забрза преговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран за „последиците од непостигнувањето договор“ во разговорите меѓу САД и Иран оваа недела во Женева.

„Ќе учествувам во овие преговори, директно“, рече американскиот претседател пред претставници на медиумите, во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, додека патуваше за Вашингтон.

„Тие сакаат да склучат договор (…) Не мислам дека сакаат да ги сносат последиците од непостигнувањето договор“, рече Трамп, осврнувајќи се на иранските власти.

Претседателот на САД додаде дека Украина треба да преговара и да склучи договор „брзо“.

Се очекува руските, украинските и американските преговарачи денеска да започнат нова рунда преговори во Женева.

„Украина треба да седне на преговарачка маса и брзо“, нагласи претседателот пред медиумите за време на летот за Вашингтон.

Тој, исто така, истакна дека наскоро ќе има понатамошни испораки на оружје за Тајван, тема што го иритира Пекинг и неодамна го натера кинескиот претседател Си Џинпинг да издаде предупредување.

„Разговарав со него за тоа. Имавме добар разговор и многу наскоро ќе донесам одлука“, рече Трамп, кој треба да ја посети Кина во април.

Поврзани вести