Skip to main content

Трамп: Нападот во Мормонската црква е уште еден целен напад врз христијаните

Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп го осуди денешниот „уште еден целен напад врз христијаните“, откако вооружен маж отвори оган во Мормонска црква во американската сојузна држава Мичиген.

Во инцидентот едно лице загина, а девет се повредени.

– Осомничениот е мртов, но сè уште има многу да се научи. Се чини дека ова е уште еден целен напад врз христијаните во САД, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social).

Тој додаде дека „мора веднаш да заврши епидемијата на насилство во земјата“.

Нападот врз Мормонската црквата во Гранд Блан, град на 96 километри северозападно од Детроит, се случил за време на неделната миса, на која присуствувале стотици луѓе. Напаѓачот, 40-годишен маж, прво со возило се залетал во црквата, а потоа отворил оган врз верниците. Тој и ја запалил црквата.

Напаѓачот е убиен во престрелка со полицијата.

Нападот врз Мормонската црква се случува за помалку од три седмици по убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. ми/

Поврзани вести