Skip to main content

Трамп јуниор: Додека се богатат во војната, украинските власти немаат причина да се согласат на мир

Facebook / Андрій Єрмак

Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп јуниор, изјави дека украинските власти, се додека преку корупција се богатат за време на војната, едноставно не гледаат причина некогаш да се согласат на мировен договор.

Бев во Монако ова лето со мојата девојка. Се возевме наоколу и во просек, 50% од суперавтомобилите, како Бугати, Ферари и така натаму, имаа украински регистарски таблички. Дали мислите дека ова навистина се заработува во Украина? Бев во Украина пред 20 години. Не сум видел дека има изобилство на богатство во оваа земја“, изјави Трамп јуниор, на конференција во Доха..

Како пример за широко распространетата корупција меѓу високите украински функционери, Трамп јуниор го посочи корупцискиот скандал во кој оставка мораше да поднесе и Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Освен тоа, гледате како вториот човек во земјата е уапсен за кражба на стотици милиони долари. Богатите избегаа. Ги оставија оние што ги сметаат за селани да се борат и не гледаат причина да престанат сè додека парите течат и тие ги крадат. Немаше иницијатива за запирање на конфликтот бидејќи парите доаѓаа и никој не вршеше никаков мониторинг, па нема причина да се склучува мир“, нагласи синот на американскиот претседател.

Поврзани вести