Skip to main content

Трамп ја спушта топката: Значително ќе се намалат царините за Кина, но нема да паднат на нула

Printskrin: Fox News

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше можност за ублажување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинески стоки и производи „значително ќе паднат, но нема да бидат нула“.

На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп го омекна својот претходен остар тон по неколкунеделните одмазднички мерки кои ги зголемија царините за кинеска роба до дури 145%.

145% е многу високо и нема да остане на тоа ниво, рекол Трамп, одговарајќи на прашања на новинарите.

Нема да биде блиску до тоа. Ќе се намали значително. Но, нема да биде нула, додал тој.

Американскиот лидер минатата недела рече дека се надева дека ќе постигне трговски договор со Кина, иако не понуди детали или индикации за тоа како ќе започнат преговорите меѓу двете земји.

Поврзани вести