
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика компаниите да се преселат во САД за да ги избегнат новите царини, а откако трговската војна со Кина ескалираше со стапување во сила на високи увозни давачки.
„Сега е совршено време да ја преселите вашата компанија во САД, како што тоа го прават Епл и многу други, во рекордни бројки“, објави Трамп на својата платформа Трут Соушл (Truth Social), ветувајќи „нула царини“ и „без еколошки одложувања“.
„Не чекајте – сторете го тоа веднаш“, додаде Трамп.