Skip to main content

Трамп: Царините од 100 проценти наметнати на кинескиот увоз не се одржливи, но Кина ме принуди на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тарифите од 100 проценти наметнати од неговата администрација на кинескиот увоз не можат да се применуваат долго време бидејќи би имале сериозни економски последици.

Тие не се одржливи, но тоа е нивото (на наметнатите стапки), рече Трамп како одговор на прашањето како тарифите би влијаеле врз американската економија во интервју за Фокс Бизнис Нетворк. Тој додаде дека „Кина го принудила да го направи тоа“, обвинувајќи го Пекинг за застојот во трговските разговори меѓу двете земји.

Минатата недела, Трамп објави дека Вашингтон ќе ги зголеми тарифите за Кина на 100 проценти и ќе воведе контрола на извозот на технолошки производи, девет дена пред да истече сегашното олеснување на тарифите.

Американскиот претседател, исто така, потврди дека ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг во Јужна Кореја за две недели – средба што ја доведе во прашање неколку дена претходно.

Мислам дека ќе склучиме договор со Кина, но мора да имаме фер договор. Мора да биде фер- рече Трамп во интервјуто.

Поврзани вести