
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно нема да се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа, иако би сакал.
Трамп претходно се пофали со својата победа на изборите во 2024 година, тврдејќи дека бројките во Тексас поставиле рекорд што нема да биде урнат освен ако тој повторно не се кандидира.
Кога во интервју за Си-Ен-Би-Си беше прашан дали би се кандидирал за уште еден мандат, Трамп одговори:
Не. Веројатно не. Би сакал. Имам најдобар рејтинг во анкетите досега“.