Норвешка испорачува нафта и гас за Европа со децении, натпреварувајќи се со Русија. Сепак, енергетските резерви се трошат, а норвешките власти почнуваат да ги намалуваат испораките се додека целосно не бидат прекинати во иднина, наведува британски „Телеграф“.
Самракот за Норвешка е зора за Русија… Повикот за отворање на цевките со евтин руски гас ќе станува се погласен со текот на времето, затоа што цените на бензинот растат поради намалувањето на производството во Норвешка… Ова создава предуслови за поблиска соработка со Русија“, „Телеграф“ го цитира Андреас Шредер, претставник на аналитичката компанија ICIS.
Во написот се коментира дека влијанието на Русија на глобалниот пазар на гас само ќе се зголемува, давајќи им аргументи на политичарите пријателски настроени кон Русија во земји како Словачка и Унгарија.
На владите ширум Европа им се наѕира геополитички кошмар“, нагласува весникот.