![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/negovatelka.jpg)
Негувателка (39) од Баварија се снимала како се соблекува, а потоа и мастурбира во креветите на пациентите во домот за стари лица во кој била вработена. Овој шокантен случај бил откриен благодарение на еден јутјубер, по што се вклучила и полицијата.
Според истрагата, жената не само што се снимала гола, туку и се тркалала по креветите на жителите на домот и мастурбирала. После тоа, без да ги измие рацете, им делела храна на постарите лица. Од полицијата нагласуваат дека немало сексуални дејствија со жителите на домот, но се уште се води истрага за жената бидејќи несвесно на своите видео снимки снимила некои од постарите лица кои живеат таму и можат да се чујат и нивни разговори, јавува веб-страницата „oe24.at“.
Негувателката е обвинета за нарушување на доверливоста на разговорите и неовластено снимање на лица во приватен простор. За овие дела е предвидена казна затвор до три години или парична казна. Таа доби и привремена забрана за работа.