Постојаниот претставник на Сирија во ОН, Кусај ал Дахак, соопшти дека „во име на актуелната влада“ испратил писмо до Советот за безбедност на ОН и генералниот секретар Антонио Гутереш со апел да се запре израелската агресија во земјата.
Ги повикуваме ОН и Советот за безбедност да ја преземат одговорноста за одржување на меѓународниот мир и безбедност и да преземат мерки за да престанат, да се стави крај на израелските напади врз Сирија, да не дозволат Израел да има корист од транзицијата што ја прават Сиријците сега во нивната земја и да ја равива својата окупациска агенда“, изјави сирискиот дипломат.
Кусај ал Дахак, исто така, нагласи дека мисијата на Сирија во ОН соработува со актуелниот премиер и министер за надворешни работи на земјата и дека очекува официјално назначување нова влада.
Јас и мојот тим овде, ја продолжуваме нашата работа како дел од сириските државни институции и ние сме дел од сирискиот народ“, изјави дипломатот.
Реакцијата на Ал Дахак доаѓа откако беа извршени повеќе од 350 израелски воздушни напади на сириска територија во првите часови по паѓањето на претседателот Башар ал Асад. Истовремено се одвива и израелска окупација на Голанската висорамнина при што ираелските сили заедоа сириска територија која е двојно поголема од Појасот Газа, а нивната војска е оддалечена помалку од 40 километри од главниот град Дамаск.