Skip to main content

Сијарто: Во прекин испораката на руска нафта за Унгарија по украински напад врз нафтовод

Freepik

Испораките на руска сурова нафта за Унгарија се прекинати откако Украина нападна трансформаторска станица на нафтоводот што води кон Унгарија, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, цитиран од британските медиуми.

Сијарто напиша на Фејсбук дека разговарал со рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин, кој го информирал дека експерти работат на поправка на трансформаторската станица, но не е јасно кога ќе продолжи снабдувањето.

Поврзани вести