
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска изјави дека имало уште еден напад врз нафтоводот „Дружба“, поради што е прекинат транспортот на нафта до Унгарија.
Во текот на ноќта добивме вест дека нафтоводот „Дружба“ на руско-белоруската граница е повторно нападнат – по трет пат за краток временски период. Транспортот на нафта до Унгарија е повторно прекинат“, наведе Сијарто во објава на Фејсбук.
Сијарто оцени дека станува збор за „уште еден напад“ врз енергетската безбедност на Унгарија.
Уште еден обид да нè вовлечат во војна. Нема да успее. Ќе продолжиме да ги поддржуваме мировните напори со сите наши сили и да ги браниме нашите национални интереси“, рече Сијарто.
Протокот на руска нафта кон Унгарија претходно беше прекинат на 17 август, откако Украина наводно повторно го нападна нафтоводот „Дружба“, а протокот на нафта беше обновен пред три дена