
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „нема намера“ да ги ублажи царините од 25 отсто наметнати на американските трговски партнери за челик и алуминиум.
Не, немам намера да го сторам тоа, одговори Трамп синоќа на новинарско прашање дали ќе одобри ослободувања од тарифите.
Од минатата недела на сила се царини од 25 отсто за челик и алуминиум, со цел да се заштити американската челична индустрија, која се соочува со зголемена конкуренција.
Трамп планира да воведе таканаречени „реципрочни“ царини за сите трговски партнери на неговата земја почнувајќи од 2 април.
Тогаш треба да стапат на сила царините од 25 отсто за мексиканските и канадските производи, кои беа привремено суспендирани на почетокот на март.
Втори април е ден на ослободување на нашата земја. Милијарди долари веќе дојдоа во нашата земја, а од 2 април ќе ги има уште повеќе, рече Трамп.