Skip to main content

Си прават селфи со починатиот папа

Ватикан ги повика сите што доаѓаат во Ватикан да се збогуваат со папата Франциск, да не се фотографираат со отворениот ковчег со телото на папата и да не прават селфи покрај отворениот ковчег.


Социјалните мрежи беа преплавени со коментари од верници кои позираа покрај погребот на папата. Сега реагираше и Ватикан. Имено, службениците во Ватикан во четвртокот почнаа да ги предупредуваат посетителите на базиликата „Свети Петар“ да ги спуштат мобилните телефони кога се приближуваат до телото на Франциск.

Ги покануваме посетителите да не фотографираат – изјави за „Тајмс“ шефот на Канцеларијата за печат на Светата столица, Матео Бруни

Поврзани вести