
Швајцарија ги замрзна сите средства што ги поседуваат Николас Мадуро и неговите соработници во земјата, објави денеска Федералниот совет, по неговото апсење од страна на американските сили во Каракас и неговото префрлање во Соединетите Држави, забележува Ројтерс.
Мерката, која стапува на сила веднаш и е важечка четири години, има за цел да спречи одлив на потенцијално нелегални средства и е додадена на постојните санкции воведени врз Венецуела од 2018 година, според соопштението.
Замрзнувањето на средствата не ги засега членовите на сегашната венецуелска влада, а Швајцарија соопшти дека ќе бара враќање на сите средства што се нелегално стекнати, во корист на венецуелскиот народ.

Македонски






