Skip to main content

Семејството Асад има 20 стана во Москва: Вака изгледа луксузната населба во која ќе живеат, а откриено е и колку пари имаат

Поранешниот сириски претседател Башар Ал Асад, неговата сопруга Британка и нивните три возрасни деца започнуваат нов живот во Русија, откако Владимир Путин им даде азил, пишува Дејли Мејл.

Асма Ал Асад, родена во Лондон, навикната е на луксузен живот и потрошила стотици илјадници долар на намештај и облека за време на владеењето на својот сопруг. Американскиот Стејт департмент проценува дека семејството има две милијарди долари, а нивното богатство се крие на бројни сметки, фиктивни компании, даночни раеви и недвижнини.

Семејството има голем имот во Москва, околу 20 стана, па сигурно ќе продолжат да живеат во егзил. Апартманите им се наоѓаат во комплекс на Московскиот град, престолнина на многу луксузни стаклени висококатници.

Поврзани вести