
Сите шест членови на екипажот, од кои три деца, загинаа кога туристички хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк во четвртокот по локално време, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.
Загинаа пилотот и петте патници, за кои се верува дека се членови на семејство од Шпанија, изјави Адамс на прес-конференција.
Туристичкиот хеликоптер полетал во 14 часот и 59 минути по локално време, а потоа изгубил контрола и свртен наопаку паднал во водата во близина на долен Менхетен околу 15 часот и 15 минути по локално време потонал, соопштија властите.
Екипажот се состоел од пилот, двајца возрасни и три деца, изјави претставник на градските власти за новинарите.
Њујоршката полиција и пожарникарите ги извлекоа телата на жртвите. За четири од нив е констатирана смрт на местото на несреќата, а две жртви се пренесени во локалните болници каде им подлегнале на повредите.
Сојузната управа за авијација (FAA) соопшти дека хеликоптерот бил модел „Bell 206“. Упавата и Националниот одбор за безбедност на сообраќајот ќе спроведат истрага, која ќе ја води Одборот.
Портпаролот на полицијата во Њујорк изјави дека полициските чамци помогнале во обидот за спасување во реката Хадсон. На видео снимката од несреќата, која се случи во близина на населбата Трибека, се гледаат неколку спасувачки и полициски чамци кои кружат по делот од реката каде што потона хеликоптерот.