Skip to main content

САД се приближуваат до Русија и во Обединетите Нации

Во пресрет на третата годишнина од  руската инвазија на Украина, САД сѐ повеќе се приближуваат до позициите на Москва во Обединетите нации, пишува Дојче веле.

Според тврдења на дипломати, американската влада има намера да поднесе предлог резолуција до Генералното собрание на ОН во која Русија не се наведува експлицитно како агресор. Тој предлог се смета за контранацрт на текстот подготвен од ЕУ и Украина, кој требаше да биде ставен на гласање во понеделник, 24 февруари. Текстот на предлог резолуција, кој ѝ е достапен на германската агенција ДПА, исто така, не повикува на повлекување на руските трупи од украинска територија.

Рускиот претставник во ОН, Василиј Небенсја, изненадувачкиот потег на американската влада го опиша како „добар чекор“. Западни дипломати, пак, изразуваат длабока загриженост. Според информациите на ДПА, амбасадорите на земјите членки на ЕУ вечерва би требало да се сретнат на итен состанок.

Поврзани вести