Skip to main content

САД се повлекуваат од Светската здравствена организација

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на САД да се повлечат од Светската здравствена организација, јави ДПА.

Трамп потпиша извршна наредба за таа цел во Белата куќа само неколку часа по преземањето на функцијата.

„Светската здравствена организација нас не ограбува. Сите ги ограбуваат САД, но тоа повеќе нема да се случи“.

Според СЗО, САД се најголемиот донатор и партнер на организацијата.

САД обезбедија милијарда и 284 милиони долари во 2022 и 2023 година.

Во 2020 година, Трамп ги повлече САД од СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека не успеала да се справи со пандемијата на коронавирусоит и дека е марионета на Кина. На неговиот прв ден како претседател во 2021 година, Џо Бајден ги врати САД во СЗО.

Поврзани вести