
Американската администрација планира следната среда да поднесе обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, изјави функционер на американското Министерство за правда, потег што треба да го зголеми притисокот на САД врз владата на Куба.
Функционерот вели дека обвинението против 94-годишниот Кастро се однесува на инцидент во 1996 година кога кубански борбен авион собори авиони што превезуваа кубански бегалци.
Канцеларијата на обвинителот во Мајами ќе го објави обвинението на настан посветен на жртвите од инцидентот.
Раул Кастро е братот на покојниот Фидел Кастро, револуционерот кој со децении ја водеше кубанската влада. Раул Кастро се повлече од функцијата претседател во 2018 година, а од шеф на Комунистичката партија во 2021 година.
Во времето на инцидентот во 1996 година, тој беше министер за одбрана. Кубанската влада тврдеше дека нападот бил легитимен одговор на упад во воздушниот простор на земјата.
Случајот против Кастро потсетува на обвиненијата за трговија со дрога против поранешниот претседател на Венецуела Николас Мадуро, кои администрацијата на Трамп ги искористи за да го оправда киднапирањето на Мадуро во Каракас и префрлањето во САД за судење.
Во март, Трамп ѝ се закани на Куба дека таа е следна по Венецуела.

Македонски

